Луѓето сакаат да се шегуваат дека единственото нешто што се учи на училиште е како да се помнат податоци. Ако прашате некого како да ја подобрите меморијата, најверојатно ќе добиете одговор – со повторување. Но, ако сакате да запомните нешто брзо и целосно, повторувањето не e единствениот начин за тоа. Во продолжение погледнете кои се и другите начини за јакнење на меморијата, што ќе ви овозможат полесно да ги запомните корисните информации кои ќе ви послужат при подготвувањето на тестот. Направете си чај пред училиште
Безброј научни студии потврдуваат дека зелениот чај е природен катализатор за подобрување на меморијата. Технички, способноста за потсетување на одредени информации се сведува на врските помеѓу невроните, кои се поврзани со синапси. Колку повеќе ги вежбате синапсите (повторување), толку посилни стануваат, што пак резултира со зголемена меморија. Зелениот чај, содржи супстанци кои ги уништуваат таквите токсични хемикалии и со тоа мозочните ќелии правилно функционираат многу подолго од вообичаено.
Снимајте го гласот
Ова е особено корисно доколку се трудите да запомните нешто кажано на часовите. Користете диктафон за да го снимите предавањето, а потоа слушајте го и забележете ги сите споменати факти. Доколку пак, се обидувате да запомните некој говор, снимајте се себеси како го читате говорот и потоа слушајте се. Секако, ова е најлесен начин на учење за оние со аудитивна меморија, но е исто така многу практично, бидејќи вака полесно го согледувате контекстот на предавањето, што пак прави информациите полесно да ги научите.
Запишувајте сè
Пред да се потрудите да се сетите на некои работи, земете пенкало и запишете ги информациите кои сакате да ги запомните. Вака полесно ќе сфатите што всушност сакате да меморирате. Доколку ова го правите додека ја слушате снимката направена претходно, дотолку подобро.
Класифицирајте ги белешките
Откога фативте подробни белешки, класифицирајте ги според темата. Ова е идеално за луѓе со визуелна меморија, особено ако се користат различни бои за различни секции. Ова ќе ви ги направи нештата појасни и ќе ги класифицира информациите кои веќе мозокот ги примил во претходните фази.
Пренесете го наученото
Постојат неколку начини на кои можете да го направите ова. Можете да го кажете наученото на некој кој ќе седи пред вас, а доколку не најдете таков, тогаш зборете пред огледалото, и објаснете сѐ, без некоја претходна подготовка. Но, доколку станува збор за некое јавно излагање, тогаш најдобро е да има некој пред вас, за да почувствувате како би било кога би го кажувале текстот пред публика.