Нашите одбојкари денес беа дел од регионалното натпреварување во Штип што беше последна фаза за обезбедување настап на Гимназијата.
Тоа што го посакуваа денес си го остварија. Со златниот медал како победници на целиот регион нашите одбојкари обезбедија учество на Гимназијадата 2014 година.
Успешните спортисти кои ги бранеа боите на нашето училиште се: Кире Динишев, Филип Маџунков, Васко Цикалов, Димитар Гошев, Филип Бонев, Иван Кузманов, Васко Јанев и Душко Азманов предводени од професорот Гоце Кончалиев.
Честитки за постигнатиот успех на општинското, зонското и регионалното натпреварување.