Штип е утрешната дестинација за одбојкарите

Поради своите ангажмани и успеси моменталната актуелност на одбојкарските екипи на нашето училиште е и оправдана. Девојките одмараат по успешното претставување во петокот, а момците се подготвуваат пред утрешниот предизвик. odbojka2Деновиве нашите одбојкари се како вистински професионалци во најсилните лиги – постојано подготовки за натпревари и патувања на повеќе градови во Македонија. Откако ја поминаа општинската и зонската фаза Штип е новата локација за нивните нови натпревари кои ќе ги одиграат борејќи се за пласман на Гимназијада 2014.

Кире Динишев, Филип Маџунков, Васко Цикалов, Димитар Гошев, Филип Бонев, Иван Кузманов, Васко Јанев и Душко Азманов ја сочинуваат екипата предводена од професорот Гоце Кончалиев.

„Ние веќе знаеме дека сме квалитетни играчи и сметам дека сме подготвени пред утрешниот ден. Чувството дека сме поблиску до Гимназијадата претставува дополнителна мотивација за целата екипа која добро функционира. Очекуваме да победиме!“, вели Кире Динишев од трета година.

И сите ние очекуваме и им посакуваме да се вратат со уште еден медал!