Викенд шема: Чоколаден викенд или не?

Се што ти треба да живееш е љубов, може малку кислород, а нема да дојде и лошо чоколадо, зарем не? Има некои велат „Не сум по благото“ но сигурно нема таков кој не пробал благо, или има? Ако има, сигурно не го знае вкусот на задоволството.

chocolateСите сакаме да биде како во рајот – чоколадото да не е калорично и да биде главно јадење, секаде околу нас чоколадни фонтани, и јаготки до нив.

„За чувството кое ми го предизвикува вкусот на чоколадото во секој можен облик, би ги жртвувала и најнеодоливите убавини кои ги нуди рајот. Чоколадото не е храна, туку избор, начин на живеење, посебна љубов, страст… Барем јас така го доживувам. И да, не би одела, доколку чоколадото не е во менито“, вели Вања Китанова.

Почнува ерата на сладоледот, поточно добата. Со различни вкусови, па што ли уште не. Колку и да не сакаш, би пробал, или не?

„Никогаш не сум обожавала чипс, па би го јадела ако остане единствен од грицките. Кога сме кај сладоледот, преферирам сладолед, попрво би земала чоколадна топка сладолед, отколку голем пакет чипс“, вели Гонце Динишева од втора година.

Секое чоколадо има своја историја, како дошло и како си отишло. Ученичката Динишева се сеќава на нејзиното омилено чоколадо.

Отсекогаш т.н. омилен оброк ми било чоколадото. Тоа би го рекле и сите мои врсници. Но чоколадата не ми е во редот на омилени јадења само поради убавиот вкус што го нуди, туку поради тоа што во секоја чоколадна коцка ми се исцртува ликот на баба. Нејзиното милно лице со кое ми ги носеше убавите вкусни чоколада во препознатливата жолта кутија“, вели Гонце.

Иако има многу јаглехидрати, сепак чоколадото е и корисно, на некој начин. Да не заборавиме дека нашето училиште е училиште со традиција за успех, а викендов има многу ученици кои се стремат да постигнат успех. Дали чоколадото помага за подобра енергија и концентрација?

„Дупло чоколадо, дефинитивно. Концентрацијата којашто може да ја „даде“ е далеку подолготрајна, а и слатката храна секогаш е финалниот убиец на гладот. Солената храна секогаш остава простор за мало слатко задоволство потоа, што кај мене влијае на концентрацијата со негативен ефект“, открива Вања Китанова од трета година.

И за крај, не заборавајте – чоколадото не поставува прашања, чоколадото само ве разбира, а на вас ви останува да си земете голема чоколадна торта и да уживате во чоколадниов викенд.