Љубица Томчева и Анита Василева подготвени за државен натпревар

Натпреварот Наноматеријали – материјали на иднината во организација на Технолошко-металуршкиот факултет извади на површина многу амбициозни ученици. Некои од нив учествуваа на натпревар за прв пат и им се посреќи со тоа што беа наградени на регионалниот во Струмица и добија влез на државниот натпревар. nanomaterijaliУченичките Љубица Томчева и Анита Василева од трета година викендов ќе бидат дел од нашата 7-члена екипа која ќе престојува во Струга и ќе живее во светот на наноматеријалите.

Овие две девојки со својот проект на темата Нанокомпозитни материјали со подобрени својства, го освоија второто место на регионалниот натпревар.

Во разговорот со ученичките, дознавме дека се подготвувале од почетокот на зимскиот распуст, што значи дека овој проект го подготвувале повеќе од 2 месеци.

„Не е воопшто лесно да се презентира пред петчлена комисија составена од универзитетски професори“, раскажува Љубица Томчева. Во моментот, за нив најважно е да се претстават во најдобро светло на државниот натпревар кој ќе се одржи во Струга, каде што ќе имаат силна конкуренција.

Ние им посакуваме многу среќа, но без разлика на резултатот влезот меѓу најдобрите 25 на национално ниво е голем успех!