Лилјана Јешменова и Гордана Пандева ќе патуваат во Струга

Велат крајот го краси делото, па затоа за крајот на неделава ги оставивме првонаградените на натпреварот „Материјали на иднината“. Секој од нас има идеи, а колку повеќе ги разработуваме, толку подобри стануваат. Најдобрите идеи се и најдобро наградувани.
nanomaterijaliНа регионалниот натпревар одржан во нешто училиште, според жирито имаше вкупно 3 победнички тимови, еден со прва награда и два со втора награда. 

„Секогаш има голем избор на теми за проектот, но како што се привлекуваат и магнетите, така и нас нè привлече најинтересната од понудените теми. Се решивме темата да биде полимерни материјали, конкретно дендримерите бидејќи се доста напредни и имаат многу широка примена“, велат првонаградените ученички Лилјана Јешменова и Гордана Пандева, кои уште од минатата година се запознаени за натпреварот и нетрпеливо чекале да дојде оваа година и да се пријават за прв пат.

Кога веќе коцката била фрлена, единствено нешто што им преостанало на ученичките било да почнат со изработката на проектот.

„Користевме повеќе извори и кога собравме материјал требаше сè да се срочи, да се изработи и да се прати. На самиот проект работевме околу еден месец континуирано, со помош на нашата професорка која ни укажуваше на нашите грешки и нè советуваше.“

И покрај долгото спремање за натпреварот, и покрај толку многу работа, секогаш се појавува трема, но со текот на времето самата исчезнала кај ученичките од трета година, а доказ за тоа се позитивните резултати бидејќи презентацијата носи многу поени.

„Додека го презентиравме проектот, и кога завршивме со него, навистина не знаевме што да очекуваме бидејќи зависно е од тоа дали нашата содржина и начинот на презентација ќе им се допаднат. Исто така одговорот на поставените прашања во врска со нашата идеја и примена влијаеше врз одлуката на комисијата. Сепак ние верувавме во себе и не чувствувавме некој притисок да освоиме некоја награда, но кога ги соопштија резултатите бевме навистина изненадени и среќни, нели, кој не би сакал да биде првонаграден?“

Вложениот труд им се исплатил на ученичките од III-3, и тие се возбудени поради републичкиот натпревар кој ќе се одржува следните два дена во Струга, и затоа повеќе истражуваат, сé дополнуваат, се со цел да биде поуспешна презентацијата од првиот пат.

Ние им посакуваме среќа и веруваме дека СОУ „Јане Сандански“ останува училиште со традиција за успех!

766 Вкупно 1 Денес