Оваа година квадрил ќе играат матурантите од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Романија, Бугарија, Албанија и од Македонија.Машки поклон, парови поклон, англиски синџир, шут со нога, променада… се дел од познатите чекори од квадрилот кои изминатиот период матурантите ги учеа заедно со своите професори и Ритам плус.
Пред почетокот на танцот квадрил матурантите ќе положат заклетва за ненасилство и ќе испратат порака за толеранција.
И оваа генерација матуранти од трите средни училишта од Струмица ќе бидат дел од најголемата матурска забава во светот. Точно напладне, на градскиот плоштад, 460 матуранти ќе го заиграат танцот квадрил во рамките на „Матурска парада 2014“.
Годинава, покрај квадрилот матурантите ќе играат и салса. Целта на оваа Матурска парада е на поинаков начин да се одбележи последниот ден од средношколскиот живот, а истовремено да им се даде можност на матурантите да се дружат со своите врсници по пат на сателитско радио кое ја емитува Штраусовата композиција, “фледермаус“ за одигрување на “квадрилот“. Оваа манифестација во Струмица се одржува по шестти пат. Квадрилот е танц кој што потекнува од Франција, а меѓународната манифестација матурска парада е покрената во 2001 година во Словенија.