Вчера во Скопје на Природно математичкиот факултет се одржа државниот натпревар по хемија.
Во својата категорија ученикот Димитар Бајрактаров од прва година доби прва награда! Ученикот работеше под менторство на професор Зуле Цонева. Останатите учесници кои обезбедија пласман на државното во Скопје се вратија со позитивни искуства и нови знаења.
Сите учесници како и менторите на наградените ученици добија сертификат за учество на натпреварот.
Освен натпреварувањето учениците имаа можност да се запознаат со Институтот за хемија, но и да присуствуваат на предавања за антиоксиданти и катализатори од видни професори од ПМФ и вработени во Johnson Matthey во Македонија.
Честитки за успехот на ученикот Димитар кој докажува дека природните науки надополнети со музиката се негова најсилна страна.