Конечни резултати од државниот натпревар по биологија!

Од натпреварот по биологија кој се одржа на 17 мај во Скопје неодамна ги објавивме прелиминарните резултати. Според денешните конечни резултати, учениците се вратија со 3 освоени награди и 5 пофалници.

DSC_0234

Ученичката Ева Танчева под менторство на Василка Хаџи Котарова освои 3-та награда, а ученичките Анастасија Василева и Ивана Јованова се здобија со пофалници. Трите ученички се од прва година.

Од трета година, ученичката Божанка Ристова се здоби со прва награда, а Лазе Георгиев доби пофалница. Учениците се исто под менторство на Василка Хаџи Котарова.

Ана Атанасова освои втора награда, а Јулијана Јовева и Ема Атанасова добија пофалници. Ученичките се од четврта година, под менторство на Братица Милкова.

Честитки до учениците и нивните ментори!