Во текот на наредната недела наша екипа ќе престојува во Полска, во градот Грујец за збратимување со тамошното средно училиште. Нашите 15-члена екипа ќе го искористи престојот за промоција на филмот „ОКО“ во кој се опфатени навиките на младите во Струмица во едно деноноќие и сличностите и разликите со другите држави.
Домаќините од Полска подготвуваат богата агенда за нивните нови пријатели. Уште со самото пристигање градските власти организираат и официјален пречек на гостите кај градоначалник, надзорникот на Грујецкиот регион и директорката на гимназијата од Грујец.
Во текот на престојот нашите претставници ќе присуствуваат на организиран час по математика и хемија, како и мултимедијални презентации на хорот и музичките групи.
Голем дел од времето ќе биде искористено за прошетка и запознавање со културно-уметничките и историски знаменитости на тој дел од државата. Домаќините ќе ги прошетат гостите до Варшава влегувајќи во Кралскиот Замок, Стар град, Националниот стадион, Кралските бањи, како и панорамско разгледување на градот низ улицата Krakowskie Przedmieście.
Интересно е што учебната година во Полска ќе заврши в петок, а нашите претставници ќе бидат специјални гости на таа свеченост.
Во продолжение погледнете го документарниот филм подготвен за патувањето во Полска: