По повод празникот 8 Септември – Денот на независноста на Македонија и 11 Септември – 70 години од ослободувањето на Струмица се организира турнир во мал фудбал. Поделен во две категории, за средни и основни училишта, празничниот турнирот е стара традиција која ги „разгорува“ спортските страсти меѓу учениците.
Натпреварите ќе започнат во 09:30 часот и ќе бидат одиграни во СОУ „Димитар Влахов“ како домаќин на фудбалските дуели меѓу средношколците. Нашите ученици ќе бидат под менторство на Стојан Стојков.
Турнирот во мал фудбал го организира општинскиот сојуз на училишен спорт, под покровителство на Советот на општина Струмица.