В четврток се првите родителски средби

Како и секоја година, неколку недели по почетокот на новата учебна година се закажуваат заеднички средби на класните раководители со родителите на учениците. Првите родителски средби ќе се одржат овој четврток, 16 септември 2014 година.родителска

Класните раководители од прва и трета година, како и вообичаено, ќе имаат свое претставување и запознавање со најголем дел од родителите поради новоформираните паралелки. Сите воведните информации и правила за родителите на учениците од прва година се мошне важни за нивното побрзо и поефективно адаптирање во новата средина.

Сите родители ќе бидат известени за актуелни и важни теми, клучните настани во текот на учебната годината (екстерно, екскурзии, матура, матурска вечер) и сите останати новитети.

Термини за родителски средби:
17:30 – I и III година

18:30 – II и IV година

Кликнете ОВДЕ за да го прегледате распоредот на простории по катови и да ја пронајдете училницата во којашто ќе биде одржана родителската на Вашето дете.