Творете за Македонија – нова тема, нов конкурс

Проектот Творам за Македонија ќе се одржи и годинава по третпат и во негов склоп е ученичкиот литературен конкурс на пишани творби (проза или поезија) на зададена тема.
thumbnailsГодинава се става акцент на значењето на јазикот со темата: „Мојот јазик – тоа сум јас“. Учениците кои во текот на наредните неколку денови ќе создадат творештво на таа тема треба да го предадат кај своите професори по македонски јазик и литература.

Секое училиште може да испрати максимум три творбите заклучно со 10 октомври, како рок.

Конкурсот има награден карактер, поточно, по добивањето на сите творби од пријавените училишта, комисија од реномирани автори ќе ги одбере најдобрите творби. Сите пристигнати творби ќе бидат објавени во посебна збирка, која ќе ја добијат сите училишта што учествувале на конкурсот.

Проектот го спроведува Фондацијата Никола Кљусев со поддршка од Министерството за култура на Македонија.