Работна облека – белег за еднаквост и пристојност

Во нашето училиште, како и во многу училишта низ европските земји, работната облека е задолжителна според кодексот на однесување. uniformaСите ученици од втора до четврта година се униформирани и како такви треба да се појават во училишната зграда од понеделник, 15 септември. Никој нема право да присуствува на часот без работна облека, со исклучок на учениците од прва година кои допрва ќе ги добијат своите маици и дуксери.

Според дел од експертите униформите имаат своја предност –  не прават статусна разлика меѓу децата во однос на брендови,  ја заштитуваат нивната приватна облека, претставуваат заштеда за семејството, и на еден начин  ученикот е видлив кога се движи надвор од образовните објекти. Најголемиот бенефит од работните облеки е ефектот на еднаквост и рамноправност!

DSC_0205Според други пак, во денешно време, кога децата сакаат да го покажат својот стил на облекување, ваквата униформираност им е тешко прифатлива. Стилот на облекување е нивен личен белег, ја покажува нивната креативност и постои одбивност кон униформите.

Сепак училиштето е место каде што треба да има натпревар во знаење, а не во стил на облекување. Училиштето е институција која има поставено кодекс на однесување кој треба да го почитуваат сите кои се дел од него.