Ученици од СОУ “Јане Сандански” на симулација на Европски Парламент

mep

Учениците од нашето училиште овој  викенд  (3-5 Октомври)  учествуваа на симулација на парламентот на Европската Унија насловена Модел Европски Парламент. Учениците Верица Китанова, Фросина Андреева и Миле Грнчаров од 3ти до 5ти Октомври заедно со нивниот ментор Виолета Николова успешно ја извршија симулацијата чија цел е запознавање на младите со тоа како работи Европскиот Парламент, преку дебатирање и учење.
На МЕП симулацијата учествуваа ученици од 20 училишта од цела Македонија кои имаа можност да дебатираат на теми од невработеноста на малдите до грѓанската војна во Сирија. Награда за најдобрите дебатери е учество на меѓународната симулација на Модел Европски Парламент  која оваа година ќе се одржува во Луксембург. Резултатие сеуште не се објавени.