Исхраната е наше главно помагало. Светскиот ден на храна утре ќе биде одбележан и во нашето училиште, меѓу професорите и учениците.
Со цел да помогнеме на нашиот сограѓанин, младо 17 годишно дете кое боледува од целебрална парализа, иницијативно од страна на Младински Совет, утре со штанд ќе се создаде хуманитарна атмосфера.
Од страна на амбициозните ученици во паралелката II-5, заедно со нивниот класен раководител Анита Станковска, храната повторно ќе биде на трпеза во ходниците на нашето училиште, домашно подготвена и вкусна.
Очекуваме позитивни вибрации и поддршка од целото училиште па и надвор од него. Не заборавајте, насмевката е најубава каде што храната е најслатка.