Совети за среќен викенд

weekend

Дали сте прва или втора смена не е релевантно бидејки конечно е викенд. После долга работна недела би сакале да ве советуваме како да го организирате своето време за да иамте прекрасен викенд.

1. Најдете друштво и одете на прошетка во природа-Нема ништо подобро од тоа последните топли денови годинава да ги искористите во природа со вашите пријатели. Дали ќе е прошетка низ парк или пак пешачење по убавите патеки во околината на Струмциа, ова е најдобар начин да се одморите но и да ја добиете потрбната доза од сончева светлина.

2.Фотографирајте се
Фотографиите се спомен кој во иднина ќе ви го разубави живото. А и од понеделник, кога ќе се вратите на училиште, ќе ви помогнат полесно да ја поминете работната недела.

3. Семејство – Резервирајте време за семејството и пријателите. Ова е посебно важно за оние кои во текот на работната недела немаат многу време за саканите.

4. Вежбајте – Секој преку викендот би требало да е активен, особено ако оваа активност е занемарена преку неделата. Совршена прилика да го избистрите умот.

5. Разбудете ги страстите – Успешните луѓе викендот го посветуваат на работи кои им се важни и кои ги забавуваат, но и активности кои воспоставуваат животна рамнотежа. Паметно е дел од времето да го посветите на работи кои ви причинуваат лична сатисфакција (пр. вашето хоби) за кои немате време.

6.Учете- Имате време за СЕ, затоа одвојте време и за учењето, можеби не најзабавниот дел од вашиот викенд но сепак потребен.

 

1112 Вкупно 2 Денес