Во Мадрид со програмата Erasmus+ (Искуства)

Професорите од СОУ ,,Јане Сандански,, Виолета Николова, Софија Тошева и Сашо Пиличев, заедно со директорката на училиштето Вања Изова Велева, од 9 -ти до 19 -ти, месецов, учествуваа на меѓународниот образовен курс ,,Стимулирање накреативност на учениците преку заедничко учење,, кој се одржа во Мадрид (Шпанија).
dirrrr
Станува збор за курс кој е добиен по апликација на програмата ,,Еразмус+, подржан од фондови на Европската Унија.Работен јазик на курсот е англиски, a примената е најразновидна методологија како TAPPS,Кооперативно,колаборативно учење,латерално размислување и др. Учесници освен од групата од СОУ ,,Јане Сандански,, како единствени претставници од Македонија,беа и професори од Португалија, Бугарија, Грција, Романија, Белгија и Ирска. Според зборовите на професорите од струмичката гимназија, знаењата стекнати на курсот, се предизвик за образовниот систем ,пред се со различните начини на кои се ули,и кои ќе бидат активно и конструктивно вметнети во методите на настава во училиштето.

erasmus

Статија : Струмица Денес