Од кабинетот по музичко образование постојано излегуваат пријатни звуци и постојано одекнува гласот на нашиот хор. Постојано се спрема нешто ново.
Пред нашите хористи стојат уште многу порти за отворање за да стигнат до успех. Регионални и државни хорски смотри, патронат на училиштето, но и една историска и уникатна активност.
Најновото нешто кое всушност ќе го обликува звукот на нашето училише за многу идни генерации е училишната химна. Тоа е мелодијата која во последните денови излегува од кабинетот по музичко образование.
Нашата директорка Вања Изова Велева, покрај сите обврски кои ги има во училиштето одвои време и го напиша текстот.
Солистите Ана Цамбулева, Ангела Илиева и Васко Дедејски на 26 март ги снимаа своите делови во струмичкото Студио 202.
Наредната недела нашите хористи ќе се соочат со едно ново искуство. 30-тина ученици ќе снимаат во музичкото студио на Горан Кукиќ, кој воедно е автор на музиката на химната, и ќе го имаат своето прво професионално музичко искуство.
Подготвувањето на химната е во финален тек. Целиот хор се наоѓа во прекрасна работна атмосфера, предводени од професорката Анита Станковска.
Химната ќе биде промовирана на 22 април, кога ќе биде одржан патронатот на нашето училиште.