Наши ученици работат со нанороботи

В петок, на трети април, во амфитеатарот на Технолошко-металуршки факултет во Скопје, ќе се одржи регионалното издание на мошне актуелниот и престижен натпревар за Наноматеријали – Материјали на иднината.

Таму ќе учествуваат вкупно осум наши ученици поделени во четири тима. Во наредниот период ќе ве запознаеме со сите проекти со кои ќе се претстават нашите ученици.

Темата на која работи еден од тимовите е Наносензори.
Методи Белчовски и Божанка Ристова периодот интензивно ги проучуваат билошките, хемиски и хируршки сензорни точки, кои се употребуваат за носење на информации за наночестичките до макроскопскиот свет. Интересно е што се користат во медицината, за изградба на компјутерските чипови и нанороботи.

„Прв пат сум ментор на ученици кои се натпреваруваат во областа за наноматеријали. За мене ова претставува еден предизвик во кој ќе се обидам на учениците да им пренесам нови знаења и многу нови искуства. Веќе започнавме со нашите подготовките за натпреварот и мислам дека тоа на моите ученици им претставува големо задоволство. Темата на која ќе се натпреваруваат си ја одбраа сами, така што работат самостојно но, се разбира кога им е потребна помош јас сум овде и вршам корекција на нивните подготвувања и им давам инструкции како и што да променат. Единствена потешкотија што се јавува е тоа што сите достапни информации се на англиски јазик и тоа е релативно нова област. Но, на моите ученици би им препорачал, за почеток, да се пласираат на државен натпревар. Сепак, да продолжат да работат и да учат и понатаму, да бидат упорни и истрајни. Да не очајуваат и да не губат надеж, за што и да е. Само со пожртвуваност, упорност и работа, пропратени со постојано учење, ќе постигнат одлични резултати“, вели менторот Ванчо Белчовски.

Поради тоа што натпреварот по Наноматеријали-Материјали за иднината е прилично нова област за натпреварување, ние побаравме и мало објаснување од учесниците.

„Натпреварот по наноматеријали претставува нешто ново за мене. Се содржи во тоа што подготвуваме проект, кој потоа треба да го браниме. Работиме во тимови по двајца, што е олеснителна околност која ни дава побрзо да ги завршиме нашите обврски. Тој натпревар се разликува од другите натпревари на кои сум бил, и се надевам дека ќе бидеме наградени за трудот кој го вложивме во нашиот проект. Бидејќи оваа ми е последна година од средното образование, се надевам дека знаењето и искуството кое сум го стекнал ќе ми помогнат да постигнам високи резултати во натпреварите кои следуваат“, вели Методи Белчовски, ученик од четврта година.

Mетоди Белчовски

Покрај нив, нашето училиште ќе има уште три тима. Претставници од втора година ќе бидат Христијан Атанасовски и Трајче Андонов под менторство на Софија Тошева и ќе се натпреваруваат на тема Нанофибери. Претставници од трета година ќе бидат Надица Стојчева и Сара Панова под менторство на Снежана Илиевска Поповска, а тие ќе се натпреваруваат на тема Јаглеродни нано цевки. Проект подготвуваат и Стојанка Енимитева и Сања Пушкарова од четврта година под менторство на Снежана Илиевска Поповска кои ќе се натпреваруваат на темаГрафен. Ќе се одржат вкупно седум регионални натпревари кои вклучуваат седум региони. Сите победници на регионалните натпревари, ќе учествуваат на републичкиот натпревар.