Вечерва свечена академија по повод патрониот празник на Јане Сандански

Низа настани за одбележувањето на 101 година од смртта на Јане Сандански:

  1. 20.04.2016 (СРЕДА) СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ВО ДОМОТ НА АРМ СО ПОЧЕТОК ВО 19:30 ч.
  2. 21.04.2016 (ЧЕТВРТОК) ПОСЕТА НА УЧИЛИШТЕТО ОД СТРАНА НА УЧЕНИЦИ ОД ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ ПРИ ГРАДСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА И НАТПРЕВАР ЗА НАЈДОБАР ШТАНД
  3. 22.04.2016 (ПЕТОК) ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПРЕД БИСТАТА НА ЈАНЕ САНДАНСКИ СО ПОЧЕТОК ВО 10:00 ч.

DSC_0818

Јане Сандански е роден на 18 мај 1872 година во селото Влахи, Пиринска Македонија. Јане Сандански е истакнат македонски револуционер, војвода и раководител на ТМОРО. Тој ги поминал сите развојни фази од обичен борец, преку главен војвода, до командант на оперативен штаб. Со своите чети учествувал во Младотурската револуција и во Балканските војни. Животот го завршил обидувајќи се да ја спречи Бугарија во вклучувањето во Првата светска војна бидејќи тоа би значело нова катастрофа за Македонија. Во текот на неговата бурна воена и политичка дејност, се застапувал за ослободување на цела Македонија, за сочувување на територијален интегритет и создавање самостојна македонска држава. Умира на Пирин Планина каде бил убиен од заседа од своите идејни противници, на 22 април 1915 година..