На меѓународниот ликовен натпревар, специјално наградени нашите уметници

Во Пловдив, Бугарија на 18ти, 19ти и 20ти април беше одржан меѓународен ликовен натпревар.

На натпреварот учество зедоа нашите ученички Славица Гудева и Олгица Петрова под менторство на професорот Митко Тошев.

За својот талент помешан со малку убавина пренесен на лист хартија, Славица Гудева доби специјална награда, а Олгица Петрова се здоби со сертификат и пофалница.

13006659_10209375401006377_8446531450682985780_n

Честитки на учениците и нивниот ментор, им посакуваме уште поголеми успеси понатаму.