Бронзен медал за Бајрактаров на Македонската Олимпијада по Информатика 2016

Викендов беше успешен за нашите програмери. На 15.04. и 16.04.2016 година, во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) на Технолошко-металуршкиот факултет (ТМФ) во Скопје, се одржа XX Македонска Олимпијада по Информатика (МОИ 2016).
12984029_1027411373973808_5202751474362416867_o
На истата нашиот ученик Димитар Бајрактаров освои бронзен медал и ќе продолжи во уште една квалификација со која ќе се избере тим од четири ученици кои ќе бидат наши претставници на светскиот натпревар.
12973161_1027956567252622_4869067785984618410_o
12973278_1027957017252577_2348070972222126382_o
Стискаме палци за Димитар! Честитки за Димитар и неговиот ментор проф.Софија Тошева.