Освен спортистите, музичарите, творците и модните артисти, на Образовното Рандеву МАССУМ 2016 кое се одржа во Скопје, можност за да се докажат имаа и учениците кои преку фотографија го искажуваат онаа кое го имаат замислено и она кое го чувствуваат.
Од нашето училиште под менторство на професорката Славица Милева – Ефтимова учество зеде Коќи Ќосев и во конкуренција со 90 ученици, Коќи го освои второто место.
Честитки до ученикот и менторот, му посакуваме уште поголеми успеси.