Коќи Ќосев добитник на второто место на МАССУМ 2016 во категоријата Фотографија

13072685_798352140299852_8353297512203389753_o
Победничката фотографија на Коќи Ќосев

Освен спортистите, музичарите, творците и модните артисти, на Образовното Рандеву МАССУМ 2016 кое се одржа во Скопје, можност за да се докажат имаа и учениците кои преку фотографија го искажуваат онаа кое го имаат замислено и она кое го чувствуваат.

Од нашето училиште под менторство на професорката Славица Милева – Ефтимова учество зеде Коќи Ќосев и во конкуренција со 90 ученици, Коќи го освои второто место.

13084152_798353526966380_1975879618_n

Честитки до ученикот и менторот, му посакуваме уште поголеми успеси.