Меѓународната декларација за човекови права постои веќе шеесет и осум години. Важноста на оваа декларација беше повод за првпат во гимназијата „Јане Сандански“ да се распише интерен конкурс за пишување есеј по иницијатива на активот по општествени науки на тема: „Шеесет и осум години од донесувањето на Декларација за човековите права“.
Наградени ученици:
-
Василева Зуле II-7 (I награда)
-
Василева Сања II-2 (II награда)
-
Ристова Верица IV-10 (III награда)
- Универзалната декларација на човековите права е донесена од Генералното собрание на Обединетите нации на 10 декември 1948 година, во дворецот Шајо, Париз.
- Еленор Рузвелт рекла:
„Декларацијата може да стане меѓународна Магна карта на сите луѓе во светот.“
- Папата Јован Павле II за декларацијата изјавил дека е:
„Еден од најголемите изрази на човековата совест на нашето време.“
- Чарлз Малик ја оценува како:
„Меѓународен документ од најголема важност.“
Се надеваме дека оваа почетна иницијатива ќе премине во традиција.