На овогодинешниот 6-ти по ред меѓународен натпревар Европски математички куп(ЕМС) во конкуренција од 150 натпреварувачи од 13 европски држави и САД нашиот ученик Димитар Бајрактаров ја освои третата награда. Оваа е престижен резултат кога станува збор за меѓународен натпревар на кој учество земаат веќе докажани математичари. Сите учесници на натпреварот се веќе прваци на натпреварите по математика во своите држави од каде доаѓаат и пошироко, на одржани олипијади. Европскиот математички куп се одржува по шести пат и истиот се одвива во две конкуренции јуниорска и сениорска.Оваа година во јуниорската зедоа учество 250 ученици а во сениорската 150. Димитар во сениорска конкуренција беше најуспешен натпреварувач од Македонија.
Димитар е ученик во IV година , оваа е воедно и последна натпреварувачка година . Со гордост можеме да кажеме дека тој е воедно и најдобриот ученик-математичар во Македонија.Тоа го потврдуваат и ранг листите на натпреварите по математика кои веќе се во тек, на кои првото место со максималните 100 поени е негово.
Честитки до Димитар за неговите успеси и до неговиот ментор- професорката Елизабета Витанова.