На натпреварот МАССУМ одржан на 21 април во СЕПУГС “Васил Антевски Дрен” СКОПЈЕ, ученичките Сања Стратарска, Елена Вчева, Павлинка Андонова и Слободанка Пандева презентираа маркетинг план со бизнис идеа за компанијата FreshBox.
Во конкуренција од 23 училишта, заслужено го освоија второто место.
Ученичките беа под менторство на професорките Стаменка Џорлева и Македонска Манушева. Честитки до целиот тим!