Втора награда за изработката на моделите за Најдобра Модна Ревија на МАССУМ

Викендов во петок и сабота, на 21 и 22 април, оваа година во СЕПУГС “Васил Антевски Дрен” СКОПЈЕ се одржа образовното рандеву МАССУМ. Ученички од нашето училиште со свои модни креации зедоа учество во категоријата за НАЈДОБРА МОДНА РЕВИЈА. Традиционалниот етно стил преработен од модерните идеи на денешната мода резултираше со успешни креации.

Под менторство на професорките Катерина Милушева и Ленче Ефтимова, ученичките се здобија со ВТОРА НАГРАДА.

18090867_10208911680657979_1727879605_o 18111229_1006828772785520_1908549755_o

18083915_1006980839436980_2079909116_o 18111052_1006982522770145_129167420_o 18111307_1006886312779766_214284633_o

Ученичките кои се натпреваруваа беа:

  • Нина Хаџи-Котарова
  • Марија Зимбаковска
  • Катерина Илијоска
  • Елена Костова
  • Александра Тасева
  • Славица Гудева
  • Олгица Петрова
  • Цветанка Иванова
  • Душица Јанева
  • Марија Варгаљакова
  • Викторија Кечева
  • Вера Солевска
  • Ангела Хаџи Котарова