Полуфиналната рунда на Светскиот ученички куп во Барселона заврши успешно за 26-те ученици кои го претставуваа нашето училиште на натпреварот. Тие успееја да освојат 28 златни и 27 сребрени медали и да квалификуваат три тимови за финалето во Њујорк.
Заедно со уште 17 ученици од Македонија нашите ученици една недела беа во Барселона каде што учествуваа на полуфиналната рунда за која се квалификуваа на локалниот натпревар кој се одржа оваа година во Струмица, а чиј домаќин беше нашето училиште.
Нашето училиште на оваа полуфинална рунда настапи со вкупно осум тима од кои еден мешан со ученици од ПСУ „Јахја Кемал“ од Струмица. Од вкупните осум, три тима во ноември оваа година ќе одпатуват во Њујорк, САД каде од 17 до 21 ноември ќе учествуват на финалето на купот кој се одржува на Универзитетот Јеил.
За разлика од годинава, минатата година на финалната рунда од овој меѓународен куп учествуваше само еден тим од нашето училиште кој таму освои 4 златни медали, но благодарение на истиот во месец април годинава се одржа струмичката локална рунда.
Инаку учениците кои годинава ја претставуваа Македонија имаа чест на натпреварот да бидат поздравени од македонската амбасада во Шпанија преку претставничката на амбасадата, Тина Џеповска која одржа поздравен говор на отварањето на натпреварот.