Бронзени медали од меѓународниот „Математика без граници“

Шестмина наши ученици деновиве учествуваа на финалниот круг на меѓународниот натпревар „Математика без граници“ кој се одржа во Несебар, Бугарија. Двајца од нив успееја да се вратат со бронзени медали, а останатите добија пофалници.

Финалниот круг на меѓународниот натпревар „Математика без граници“ се одржа деновиве, од 30 јуни до 2 јули во Несебар, Бугарија. Ова е петти по ред ваков турнир, организиран од асоцијацијата „Образование без граници“ и Научно-образовниот центар „Innovation“ од Казахстан.

На натпреварот учествуваа околу 1.370 ученици од 8 до 18 години од Австралија, Азербејџан, Бугарија, Виетнам, Иран, Казахстан, Кина, Киргистан, Македонија, Малта, Мексико, Русија, Романија, Турција, Узбекистан и Филипините.

Бронзените медали ги освоија ученичката Билјана Витанова од прва година и ученикот Димитар Џорлев кој оваа година ќе го започне своето школување во нашата гимназија.

На натпреварот со пофалници се здобија и учениците Зора Лазарева, Симона Златанова, Катерина Стоилова и Дмитар Звонимир Митев. Учениците се натпреваруваа под менторство на професорите Елизабета Витанова, Елена Лазарова и Петруш Џорлев.