Во четврток на маскенбал!

Уште само неколку дена до почетокот на Стумичкиот карневал 2015. Дали ги подготвивте вашите маски? Доколку не сте, побрзајте! Време нема. И оваа година карневалското лудило го започнуваме со веќе добро познатата средношколска забава под маски. Она што пред неколку години започна како традиција по училишните холови, оваа година го продолжуваме во просториите на Клуб Платинум.
Сите средношколци без разлика на генерацијата и училиштето, в четврток на 19.02.2015 се добредојдени на маскенбалот.
Картите ќе се продаваат по стандардната цена од 50 денари и тоа кај ученичките Елена Џорлева за I и III година и Катерина Караманова за II и IV година. Ве очекуваме.colorful-mardi-gras-masks-sheila-kay-mcintyre