Дали знаевте дека нашето училиште има креатори на видео-игри?

СОУ „Јане Сандански“  го прифати предизвикот да учествува со своја екипа на натпревар за  најдобра видео-игра, во организација на Microsoft- Македонија и Универзитет  на Југоисточна Европа-Скопје. 10287066_10202704125976859_123684487_n

KODU KUP натпреварот е можност за секој професор од сите средни училишта во Р. Македонија  кој има желба,  идеја, а и екипа од 3-5 вредни и креативни ученици кои поседуваат способности за тимска, креативна работа и со напредна технологија да ја креираат својата KODU игра.

Нашиот тим се состоеше од  учениците од втора година: Ангел Митев, Игор Влахов, Горги Каламерников, Никола Тошев  и од прва година Димитар Бајрактаров, под менторство на проф. м-р Софија Тошева.10312027_10202704141217240_1885230741_n

Наградите се привлечни за учесниците: Прва награда – KINECT и XBOX  уреди. Второто место ќе биде наградено со 4 ваучери за попуст од 30% од школарината за првата година од студиите за учениците во проектот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Факултетот за Современи Науки и Технологии.  Противвредноста на ваучерите поединечно е од 540-600 евра во зависност од студиската програма. За освоено трето место учениците ќе добијат Микрософт подароци.

Учениците работеа вредно и составија оригинална игра со околу 1000 програмски линии. Играта има едукативна цел да ги зголеми математичките и логички способности на играчот, како и неговата меморија. Името на играта е Looking For the Sunrise, каде главниот лик дејствува во неколку ноќни оригинални сцени, за на крај, кога ќе успее да одговори на сите прашања, го дочека изгрејсонце, како симболика.

Главното финале ќе се одржи во месец мај, а во склоп на настанот ќе има и посебна сала на презентација на игрите (Show Room). Нивната авторска игра ќе биде видлива на јавната изложба посетена од страна на образовни институции, наставници и други посетители како и медиуми.

Им посакуваме многу среќа на натпреварот!