Посета на Францускиот институт во Скопје

Учениците од втора година во склоп на еднодневната екскурзија имаа можност да го посетат Францускиот институт во Скопје кој има секогаш срдечни и расположени домаќини. Уште еднаш на површина излезе добрата соработка, а учениците стекнаа нови искуства и информации за француската култура и образование.3Учениците имаа можност да се запознаат со основните мисии и цели на Францускиот институт преку прошетка во просториите каде што се негува и шири француската култура. Ја видоа медијатеката и дигиталната платформа CULTURETHÈQUЕ, а добија информации и за организирањето на културни настани, културни и едукативни размени помеѓу двете земји.

Екскурзијата доби едукативен карактер затоа што учениците научија за понудата на часови по француски јазик за сите возрасти и нивоа, како и можностите за стекнување со меѓународни дипломи за јазично ниво ДЕЛФ/ДАЛФ, ТЦФ и ТЕФ и судирање во Франција, како земја отворена за младите од целиот свет.