Дедејски и Ивановски добитници на второто место на CodeCUP

Вчера во Битола се одржа државниот натпревар во програмирање CodeCUP.
На натпреварот нашето училиште беше успешно претставено со 4 тима под менторство на професорките Софија Тошева и Славица Милева – Ефтимова.
13045535_10207746101664728_1119374741_n

Tимот составен од Васил Дедејски и Александар Ивановски под менторство на Славица Милева – Ефтимова, го освои второто место и тие беа наградени со таблет компјутери и стипендија на ФИКТ, којшто беше домаќин на натпреварот, а останатите претставници добија сертификати за успешно учество на натпреварот.

13020106_10207746101584726_1688086618_n
13016437_10207746103144765_786569047_o

Честитки до учениците и нивните ментори!