Димитар Бајрактаров прв во државата и оди на Олимпијада во програмирање!

Еден од многуте одржани натпревари викендов беше и натпреварот во програмирање во областа на информатика.

12910486_10207623630721403_184571904_n

Државниот натпревар беше одржан оваа сабота (26.03) во ФИНКИ, каде што се натпреваруваа 110 ученици од цела Македонија, а од нашето училиште беа тројца.

Еден од нив беше Димитар Бајрактаров кој доби прва награда, освојувајќи 414 поени, а со тоа овозможи пласман за Олимпијадата која ќе се одржи за 2 недели!12910817_1091270020925828_1812182503_n

Ѓорги Каламерников доби пофалница за успешно учество, а Никола Тошев се здоби со признание за учество.

Честитки до првокласните успеси на учениците, а исто така и до менторот, професор м-р.Софија Тошева.
12919166_10207623634121488_597585974_n

12910493_10207623630081387_797844060_n