Одбојкарките од училиштето први на регионално, продолжуваат на државно!

На регионалниот натпревар во одбојка за девојки, одржан на 29.03, зеде учество и нашето училиште. Натпреварот беше одржан во Штип, каде што одбојкарките беа прво место, а со тоа продолжуваат на државно ниво да се натпреваруваат во Куманово.

12899618_1106770229375400_267337206_o

Тимот го сочинуваа ученичките Мартина Владевска, Ана Нистрова, Ана Фасулева, Соња Тасева, Даниела Владевска, Ива Стојанова, Зорица Исирова, Верица Ристова, Анастасија Панеска, Мери Мастева, Божана Манева, Деспина Ѓоргиева, Ели Тупарова, Ева Зимбакова и Саветка Атанасова.

Екипата беше предводена од проф.Спасо Пиличев.