Сребрен медал за Димитар Бајрактаров на Македонската Математичка Олимпијада!

На 09 април се одржа 23-та Македонска Математичка Олимпијада за учениците од средното образование во Република Македонија. На неа учествуваа нашите ученици Димитар Бајрактаров и Иван Мастев од 3-та година со нивниот ментор- професор Елизабета Витанова. Успесите како и секогаш не заостануваат и можеме да се пофалиме со извонреден пласман.

Димитар Бајрактаров освои сребрен медал, а Иван Мастев-пофалница.

Со сребрениот медал Димитар стана дел од математичката репрезентација на Македонија која ќе учествува на претстојната Балканска Математичка Олимпијада што ќе се одржи во Тирана (Албанија ) од 05-10 мај 2016.

13000540_10208165590271614_1365132006_o

Со неговата низа од награди оваа година почнувајќи од Европскиот математички куп каде освои трета награда во конкуренција од 80 учесници од 9 европски држави, потоа максималните 100 поени на секој од натпреварите- општински, регионален и републички натпревар, сега сребрениот медал, следувајќи учеството на Балканската олимпијада се надеваме ќе чекаме резултати и од светското првенство во Хонг-Конг.
Голем е успехот и за ученикот Иван Мастев бидејќи тој оваа година за прв пат учествува на натпревари по математика, па после освоеното прво место на регионалниот натпревар со максимален број поени, и трета награда од републичкиот натпревар, стигна и до пофалница од олимпијада.

Честитки до учениците и нивниот ментор и им посакуваме уште многу успеси и награди понатаму.

967 Вкупно 1 Денес