Од утре на двонеделна интеркултурна размена во Швајцарија

Секоја година околу 1.500 деца и тинејџери од различни земји доаѓаат заедно во детското село во Троген, Швајцарија за да учествуваат на Проекти за интеркултурна размена.pestaloОд утре 8-члена група ученици од нашето училиште заедно со професорката Невенка Стојанова ќе престојува во детското село.

Со учеството на неколку различни проекти кај сите учесници ќе предизвика критичко размислување за сопствените вредности и модели на однесување и со тоа да се зајакне нивниот идентитет. Секако, размената со другите учесници ќе ги стимулира сите заедно да ги откријат разликите и сличностите меѓу различните култури.

На размената досега отишле средношколци од  Прилеп, Дебар, Куманово, Тетово, Штип и Кавадарци.

Детската фондација „Песталоци“ финансиски го поддржува проектот, а практично во регионот го спроведува Коалицијата СЕГА. Инаку, името на фондацијата е во чест на Јохан Хајнрих Песталоци кој бил истакнат швајцарски педагог и реформатор и духовен творец на современото основно училиште.