Erasmus+ проект: HiClass – мобилност во Струмица

Да ги обележиме Erasmus деновите со уште една наша успешна приказна од проектот Hiclass ! Од 19-23 септември нашето училиште беше домаќин на петнаесет ученици и шест наставници од Италија, Португалија и Романија, кои заедно со нашите петнаесет ученици вежбаа нови онлајн методи на учење, поврзани со дебата и како истата да се примени во хибридни услови. На крајот се прогласи и најдобриот тим ! Освен работниот дел, гостите беа во посета на Скопје и други локални знаменитости. Учениците поминаа незаборавни моменти, исполнети со многу дружење, но и нови вештини стекнати за една недела!
Координатор: М-р Софија Тошева