Гимназијадата започна со три победи во три одиграни натпревари

Оваа година за прв пат градот Охрид е домаќин на спортската манифестацијата Гимназијада. Натпреварите започнаа од 8-ми мај и ќе траат до 10-ти. 3withlogoНа Гимназијадата во Охрид учествува нашата машка и женска одбојкарска екипа која веќе ги одигра првите натпревари.

Одбојкарите го отворија вчерашниот ден со првата победа против екипата на СУГС„Никола Карев“ од Скопје. Екипата на професорот Гоце Кончалиев славеше во салата „Климент Охридски“. Тоа беше единствениот натпревар за нашите спортисти во текот на вчерашниот ден.

Откако вчера одмораа, денес одбојкарките имаат понапорен ден. Со почеток во 12:00 часот на истиот паркет играа нашите девојки против одбојкарките од СОУ „8 Септември“ од Тетово. Со одлична игра, многу смиреност и искуство го совладаа својот противник и ја добија првата победа. Во 14:00 часот ги очекува нов дуел со СУГС „Орце Николов“ од Скопје.

Засега, денот беше среќен и за момците кои ја остварија својата втора победа против екипата на СУГС „Никола Карев“ од Скопје. И нив ги очекува уште еден натпревар против машката екипа на СУГС „Орце Николов“.

Доколку остварат уште по една победа, во попладневниот период од денот следуваат и полуфиналните натпревари! Им посакуваме уште многу среќа и добра игра затоа што се на добар пат!