Со четири пофалници до државен натпревар по физика

Денес во Радовиш се одржа регионалниот натпревар по физика на којшто учествуваа 10 наши ученици придружувани од професорката Ленче Ефтимова. ekipaВо 15:00 часот беа соопштени постигнатите резултати од спроведеното тестирање на учениците од прва до четврта година во регионот.

Ученичката Нина Хаџи Котарова од прва година со освени 60 бодови и Ирена Ристова со 50 бодови добија пофалница. Иако единствен претставник од четврта година ученикот Ѓорги Витанов со освоени 50 бодови обезбеди пофалница и пласман на републичкиот натпревар. Тројцата ученици се под менторство на професор Ленче Ефтимова.

Меѓу пофалените е и ученикот Методи Белчовски од трета година со освеоени 58 поени под менторство на Македонка Фиданова.

Честитки за успехот на учениците и нивните ментори и им посакуваме среќа на државно ниво!