Машките одбојкари без пораз на Гимназијадата

Во Охрид во тек е големата спортска Гимназијада на која се натпреваруваат екипи во шест различни спортови. Нашето училиште како свои претставници ги има машките и женски одбојкари кои се на добар пат да ги одбранат шампионските титули меѓу средношколците. odbojka2Вчера, на првиот ден од натпреварувањето одбојкарите ја декласираа екипата на СУГС„Никола Карев“ од Скопје. Истата судбина ги снајде и одбојкарите на СУГС „Орце Николов“ од Скопје кои денес безнадежно се надеваа на триумф над нашите момци. Теренот на салата „Климент Охридски“ засега добро прилега на екипата на Гоце Кончалиев.

Како првопласирани од група Б во попладневниот период од денот одиграа уште еден полуфинален натпревар кој повторно го добија. Со тоа обезбедија учество на финалниот дел од натпреварувањето кога ќе мора да се борат за златен или сребрен медал. Утре со почеток во 10:30 часот на добро познатиот паркет одбојкарите ќе имаат можност да се закитат со медал, а ние само ќе стискаме палци!

И девојките со две победи и еден несреќен пораз во исклучително напорен ден остануваат во игра за медал којшто силно го посакуваат и се надеваме дека ќе им се оствари!