Го имаме најдобриот сајт меѓу училиштата во Македонија!

Категоријата Најдобар веб сајт која функционира во склоп на МАССУМ 2014 со години е предизвик при креирањето, уредувањето и користењето на веб-страницата на нашето училиште. ninaОткако претходната верзија на сајтот во 2012 година доби награда, годинава се подготвуваше новиот дизајн на нашиот функционален сајт кој ќе може да одговори на критериумите од жири комисијата на Образовното рандеву во Крушево.

Клучната разлика поради која нашето училиште ги собра поените е континуираното користење на онлајн промоцијата преку над 300 информативни, едукативни и забавни текстови во кои учествуваат екипа ентузијасти, но и самите професори, ученици и родители.

Нина Хаџи-Котарова викендов во Крушево имаше задача да го презентира сајтот кој го подготвуваше заедно со Никола Тошев и се врати со втора награда за Најдобар веб сајт. Кон успешниот тим се приклучуваат и Катерина Караманова, Надица Николова, Иван Кавазов и Миле Грнчаров како мултимедијална поддршка. Сите ученици се под менторство на професорката Софија Тошева.

Освен успешноста на презентацијата жирито ја оценуваше функционалноста, дизајнот кој вклучува естетика, графика, хармонија на бои и букви, како и оригиналност. Како посебно истакнат критериум е квалитетот на содржината која се пласира заедно со јазичниот израз, правопис и  повеќејазичноста.

Пред жирито беше приложена и бројката на посетеност за рок од два и пол месеци која изнесува 63.000 прелистувања на објавените вести.

За крај, навременото обновување на информациите, контакт формата и можност за пријавување грешка како и професионализмот влијаеја кон финалната оценка на жирито.