Гражданлиева и Цамбулева на хуманитарен концерт во Гевгелија

Утре за прв пат во Македонија ќе се одбележува светскиот ден на пулмонална хипертензија за да се подигне свеста за постоење на оваа болест. 12 Централниот настан ќе се одржи на 4 мај во Гевгелија под мотото ОСТАНИ БЕЗ ЗДИВ ЗА ПХ. Освен хуманитарниот почесен маратон во должина од 4 км организаторите подготвуваат голем музички настан со почеток во 12:30 часот. На сцената во центарот на Гевгелија ќе настапуваат и нашите ученички Слободанка Гражданлева и Ана Цамбулева. Дел од музичарите кои се дел од настанот се Бени Шакири, Игор Узунов, Дејан Јованов, Марија Ичкова, Теодора Гошева и други.

Со ученичките ќе отпатува и професорката Анита Станковска која заедно со здружението „АПХ Момент Плус“ –Македонија го обезбеди настапот на ученичките како големи музички таленти во Струмица.

Целта на кампањата е рана дијагноза, содветен третман и пронаоѓање на лек за пулмонална хипертензија. ПХ е тешко заболување со кое сериозно се ограничува работата на телото и може да заврши со смрт. Таа сериозно влијае врз секојдневните активности. Се појавува во разни форми, од кои некои се и ретки. Без разлика, се појавува независно од возраста или етничкото потекло и може секој да ја добие. Додека за повеќето од нас дишењето е автоматско, за луѓето со пулмонална хипертензија секој здив е предизвик. Не треба да чекаме, туку да дејствуваме веднаш.