ХОРСКО ЗЛАТО: Добриот глас надалеку се слуша!

kavadarci2015
35 хористи го одбележаа еден од најзначајните празници „Св. Кирил и Методиј“ со песна и многу позитивна енергија од заедничкото дружење.
diploma2015
По одржувањето на регионалниот натпревар на кој нашиот училишен хор беше првонаграден, вчера во Кавадарци беше одржан јубилејниот 50-ти државен натпревар во хорско пеење.

На натпреварот конкуренцијата во која се натпреваруваа нашите хористи беше голема. Стручното жири повторно остана фасцинирано од големата позитивна енергија и прекрасните гласови на нашите хористи кои прв пат учествуваат како мешан наместо женски хор.

Хорот се претстави со задолжителната композиција Chi la gagliarda и уникатната кавер верзија на Amen со This little light of mine.

Првото место за нашите хористи е само продолжение на досегашните бројни први награди со кои се китат хористите  и нивниот ментор Анита Станковска со години наназад.