Нашите уметници првонаградени на ликовниот натпревар

На 9ти Мај во “Дом на АРМ”-Струмица, беше одржана свечена академија по повод одбележувањето на “Денот на Европа”, чии организатори беа: Општина Струмица, ЕУ инфо точка Струмица и Европската Унија.  Свечената академија беше исполнета со музички точки и ликовна изложба.

На ликовната изложба се претставуваше и нашето училиште. Нашите ученички од прва година: Гушева Ивана и Ставрева Ева и ученичката од четврта година Црвенкова Марија, под менторство на Митко Тошев го освоија првото место за најдобра ликовна изложба.

Марија Црвенкова

Им честитаме на наградените и нивниот ментор!