Хрватски ученици во посета на училиштето

Деновиве ќе имаме можност да се покажеме како добри домаќини пред нашите нови пријатели од Задар – Хрватска кои ќе го искористат викендот за посета на нашиот град. логоаВкупно 20-тина ученици и професори пристигнуваат рано наутро и уште утре ќе бидат во посета на училиштето. За гостите е подготвена специјална програма почнувајќи од прием кај директорката, веб-презентација на училиштето, запознавање со платформата е-училиште и Cyber Fair сајтовите на училиштето од 2013 и 2014 година.

Традиционалната храна која ќе ја вкусат е неизбежен дел од претставувањето на нашата култура што ќе се надополни со посета на градскиот музеј и прошетка до Цареви кули.

Освен заедничко дружење од петок до недела, организирани забави, вкусна храна и историски часови, учениците од Хрватска ќе учествуваат на ориентационен натпревар во градскиот парк.

За потсетување, во 2012 година 40 наши ученици престојуваа во Задар на интернационален хорски натпревар. Овој пат учениците ќе бидат сместени кај свои врсници и се надеваме дека соработката помеѓу овие два града ќе продолжи преку нивните пријателства кои ќе ги остварат.