Сакате да бидете како Версаче, Клајн или Кавали?

Дали некогаш сте посакале вашите модни креации да блескаат на популарните писти како оние од Fashion TV? Со малку иновативност и умешност како креатори, тимска работа и забавни подготовки таа ваша желба може да се оствари. revijaСекоја година, во склоп на МАССУМ натпреварите функционира категорија модна ревија. Годинава, ментор на креативниот тим којшто ќе се натпреварува во таа категорија е професорката по музичка уметност – Анита Станковска.

Сите девојки и момци кои имаат своја идеја, желба за тимска работа и сакаат за момент да се почувствуваат како Џани Версаче, Келвин Клајн или Роберто Кавали може да го контактираат менторот. Сето тоа прилагодено за средношколски натпревар којшто годинава се одржува во Крушево од 25-26 aприл.

Заинтересираните ученици треба да се пријават во училиштето кај професорката Анита Станковска најдоцна до 28 февруари.

Секое училиште може да номинира најмногу 5 ученика-модни креатори за учество во натпреварот. Еден ученик може да учествува со најмногу 3 модели (сопствени креации). Целта на организирањето на овој натпревар е развивање, практицирање и демонстрирање на вештини за дизајнирање и изработка на облека.