МАССУМ: Изберете ја најдобрата категорија за натпреварување

Образовното рандеву е можеби еден од ретките натпревари којшто може да собере на едно место генијални умови од сите средни училишта во Македонија и да ги наградува за нивните достигнувања. najavamassumТокму од МАССУМ пристигнуваат 15% од наградите на нашето училиште кое секоја година пријавува свои екипи во сите категории. На радост на љубителите на спортот годинава се воведени нови категории за натпреварување од таа област.

Непроменета останува темата на натпреварувањето: ЕКОЛОГИЈА И ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ.

Пријавувањето трае до 28 февуари кај Катерина Ќосева – координаторот на МАССУМ организацијата во нашето училиште. Секој ученик којшто има желба да учествува на некои од категориите ќе соработува со ментор-професор, а во текот на следната работна недела ќе ве запознаеме со менторите за секоја категорија посебно.

Засега, размислете во која област може да покажете најголем успех и сте подготвени да го истакнете вашиот натпреварувачки дух.

Категории на натпревари:
1. Интервју за работа (македонски, албански, англиски)
2. Јавно говорење- подготвен говор (македонски, албански)
3. Маркетинг план (македонски, албански)
4. Најдобар бенд
5. Најдобра видео реклама
6. Најдобра фотографија
7. Најдобар филм
8. Најдобра веб страна
9. Најдобар штанд
10. Најдобра драмска изведба
11. Најдобра модна ревија
12. Најдобра поетска творба
13. Најдобар тим во баскет
14. Најдобар пинпонгар/ка
15. Најдобар тим во серва
16. Најдобро кариерно портфолио